Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Riеger го тјунира Audi A4
05.05.2008
rieger-audi-a4-1.jpgГерманскиот специјалист за тјунинг, Riеger, за салонот за тјунинг, Tuning World, кој се одржува во германскиот град Бодензе го даде своето видување на новиот Audi A4.

Riеger е една од постарите тјунерски куќи основана пред дваесетина години во Егенфелден и пред се е специјализирана за создавање на китови за надоградување на каросеријата на луксузните германски марки Audi, BMW и Mercedes.

Во обид да внесат повеќе агресивност во визуелниот настап на А4 дизајнерите во Riеger се одлучиле за нова предна маска со интегриран спојлер, странични завеси кои би требало да потсетуваат на автомобилите од DTM и нов заден браник со интегриран дифузор.

Целината ја заокружуваат леснометални бандажи со дијаметар од 20 инчи кои се нудат во две изведби.

Лутината на автомобилот не зависи само од аеродинамичниот кит, а тоа многу добро го знаат инженерите во Riеger и затоа се одлучиле да го модификуваат 3.0 литарскиот TDI.

Со поставување на спортски филтер за воздух, спортски издув од не`рѓосувачки челик кој завршува со четири издувни цевки и ремапирање на ЕCU е добиена моќност од здрави 297 коњи и максимален вртежен момент од мрсни 610 Nm.

Тјунерот сеуште не ги наведува податоците за перформансите на автомобилот како и цената на чинење на китот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook