|
12.04.2007 |
По точно 20 години oд првиот CTR, тјунерот Ruf ја најави третата генерација CTR3, во чест на отворањето на фабриката во Бахраин. Базиран на Cayman, по традиција ова ќе биде еден од најбрзите Porsche на пазарот.
Користејќи ја каросеријата од Porsche Cayman како основа, Ruf се служи со најнапредна технологија од мотоспортот, прв пат применета кај RT12. Погонот на CTR3 е од 3,8-литарски боксер со два турбополначи кои пумпаат 700 КС при 7.000 вртежи и вртежен момент од 890 њутнметри. За заштеда на тежина неколку каросериски панели се изработени од алуминиум или од карбон. Силата се пренесува до задните тркала преку седумстепен секвенцијален менувач, со пренос кој според Ruf дозволува 360 km/h. Кога се појави за прв пат, CTR беше надмоќен над суперавтомобилите од таа ера, од ковот на Ferrari F40, Lamborghini Countach, па дури и од сопствениот модел 959 на Porsche. Истото ќе го постигне и CTR3. Цената се очекува да изнесува околу 300.000 евра.
|