Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ruf го претрка Porsche
17.01.2012

Откако Panamera почна да бележи одлични продажни резултати ширум светот Porsche најави дека сака да создаде нејзина продолжена верзија специјално скроена за пазарот во Кина.

ruf-panamera-xl-1-2012-1

Намерите се јасни. Porsche сака да им се приклучи на останатите производители посебно на премиум марките како Audi, BMW, Mercedes и Volvo. Сепак, во намерата го претрка престижната тјунерска куќа Ruf.

Специјалистите за Porsche од Фафенхаузен веќе ја претставија продолжена верзија на Panamera која во името ја носи наставката XL, односно RXL како потсетување на Ruf. Сега Panamera нуди значително повеќе комфор на задните седишта.

За таа цел меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 400 mm и е растегнато на точно 3.320 mm, додека комплетната должина на Panamera XL изнесува солидни 5.370 mm.

Со раст на должината пораснала и тежината. На вага Panamera XL покажува безмалку 2 тони, поточно 1.960 kg. Движечката сила ја претставува моќниот V8 кој ослободува 420 КС при 6.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 510 Nm преи 3.500 врт/мин.

Секако со новата доза на комфор доаѓа и ново уредување за кое од Ruf велат дека нема лимит и зависи од желбите на купувачот. Потенцијалот на пазарот во Кина е голем, но во Ruf не сакаат да се ограничуваат само на него.

Тјунерската куќа наведува дека доколку се појави интерес Panamera XL може да биде испорачана секаде низ светот. Цената сеуште не се открива, но ваквата пракса е вообичаена за престижните тјунирани примероци.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook