|
05.07.2007 |
За да прослави 25 години откако стана авторитативен
производител на автомобили, германскиот Ruf извади на
пат специјална едиција на верзиите 3400К Coupe и 3400К Roadster.
Платформата за овие две верзии на Ruf ја
позајмуваat Porsche Boxter и Cayman. Инженерите
на Ruf ја зголемиле моќноста на 3.4 литарскиот шест цилиндричен
боксер со помош на механички компресор со што ги подобриле перформансите, но го
задржале балансот на овие современи класици со централно поставен мотор.
Крајниот досег на набилданиот мотор се 400 КС при 7.000
врт/мин и максималне вртежен момент од 440 Nm при 5.500
вртежи. Овие бројки се доволни за спринт до стотка за 4,4 секунди и максимална
брзина од 291 km/h.
Како дополнување на лутите перформанси во верзиите на
3400К добивате нов интериер волан и арматура
од Ruf обложени со кожа, нов спортски кит за каросеријата и лут преден браник со
спојлер и леснометални тркачки бандажи.
Цената за модификуваните верзии на Porsche стартуваат
од 79.800 евра за купето и 75.100 евра за родстерот, секако со вклучен данок за
во Германија.

|