|
24.03.2008 |
Американскиот производител на ексклузивни модели Saleen се здружи
со американската тркачка легенда Dan Gurney за да
развијат посебна лимитирана серија на автомобилската икона Ford
Mustang.
Овој посебен автомобил е наречен Gurney Signature
Edition и е дизајнирана како олицетворение на оригиналниот Ford
Mustang на Dan Gurney со кого се тркал во серијата Trаns Am во 1969.
Карактеристични детали кои потсеќаат на тркачот од 1969
се задниот спојлер кој е еден вид продолжување на капакот од багажникот,
набабрената хауба и карактеристичната сина боја дополнета со бели налепници.
Под хаубата на овој ексклузивен автомобил работи познатиот
V8 на Ford од 4.6 литри кој е доработен во Saleen и сега
остварува 465 коњски сили. Според смерниците на Gurney инженерите
во Saleen инсталирале суспензија изработена од материјали наменети
за авионската индустрија заедно со комплетно нова задна оска.
За сопирање се задолжени вентилирани дискови од 315
милиметри напред и исти такви, но со пречник од 300 милиметри назад. Нив ги
сокриваат леснометални бандажи со пет краци со пречник од 20 инчи обуени во гуми
Pirelli Corsa.
Дизајнеркста тема на двобоен екстериер се пренесува и во
кабината каде можат да се добијат седишта преслечени во алкантара со сина или
црвена боја. Производството е ограничено на само 300 примероци и секој од нив
на центрланата конзола ќе го носи потписот на Dan Gurney.
|