|
09.10.2008 |
Да! Потребни се три години работа и 3.000 работни часа колку
што потрошил австралиецот Стјуарт Еплбај за да ја преработи спортската лимузина
на BMW и од неа да направи пикап.
Ваквите возила во Австралија се исклучително популарни, а
доказ за тоа е верзијата на Holden Ute преку која австралиската марка,
филијала на General Motors, на своите купувачи им нуди комплетен
пакет на сите оние што сакаат возило кое пршти со стил и кое може да се користи
и за работа и за забава.
Станува збор за преработка на
претходдната генерација на BMW M5 или Е95 чив горд сосптвеник од Нов Јужен Велс, Австралија сега оди од
институција, до институција каде автомобилот мора да мине низ мноштво од тестови
и верификации за да добие дозвола за да може да вози во редовен сообраќај.
Еплбај не се задржал само на преработка на каросеријата
која е очигледна. Одлучил да го доработи и извонредниот V8 од 4.9
литри на BMW и тврди дека сега моторот остварува 460 коњски сили.
Несомнено дека Еплбај вложил многу труд во преработката
на M5. И иако сета оваа мака можеби личи како бесцелна бидејќи е жртвуван еден од најдобрите спортски седани на светот,
сепак, неможе а да не се признае дека BMW M5
Pick-Up изгледа навистина добро.
|