Производителот на спортски автомобили од Маранело е многу
строг кога се поставува знакот со коњот што се шепури на автомобили кои не се
произведени во неговите погони.
Затоа адвокатите на Ferrari
подготвуваат тужба против еден британец кој во моментов е сопственик на
најбрзата лимузина на светот која претставува издолжееен дериват на моделот на Ferrari,
360 Modena.
Имено 36 годишниот Ден Коули кој живее во предградие на
Манџестер одлучил својата 360 Modena да ја преправи во најдолгата лимузина на светот со тоа
што ја исекол на пола, поточно зад вратите, и меѓу предниот задниот дел вметнал
тело изработено од карбон-фибер со должина од 3 метри.
На овој начин е добиена лимузина од преку 6 метри кај
која во задниот дел работи моќен V8 со преку 400 коњси
сили и ја забрзува до темпо 100 за помалку од 6 секунди и ја турка до
максимални 270 km/h.
Секој детал од модификувањето на 360 Мodena
е изработен рачно вклучувајќи го и централниот дел од кабината. Но, за да
не дојде до забуна во оваа лимузина неможете да седите удобно завален во
седиште кое повеќе наликува на кревет и да пиете шампањ во разладени кристални
чаши.
Филмот на Коул е сосема поинаков. Во централниот дел се
поставени шест тркачки кади со ремени во четири точки на врзување, па така
патниците можат да уживаат само во брзината, попречното забрзување, и мочното
сопирање. Значи лимузината е наменета за превоз на група луѓе зависници од
адреналин.
Иако на Коули му оди супер со неговата креации, не му оди
супер во односите со Ferrari. Веќе споеменатите адвокати му дадоа ултиматум од две
седмици да ги отстрани сите обележја и беџови кои асоцираат на Ferrari и ја
поврзуваат неговата креација со производителот од Маранело.
Во спротивно спорот ќе се решава на суд.
|