|
Hyundai на пазарот испраќа специјална серија на Genesis Coupe од само 50 примероци кој е инспирирана од тркачката верзија што учествуваше на трката на издржливост 24 часа Нирбургринг.

Интересно е што специјалната серија на Genesis Coupe GT создадена во чест на 24 часа Нирбугринг е наменета само за пазарот во Германија. Но, тоа не значи дека само германците ќе уживаат во неа.
Вљубеници од цела Европа веќе брзаат за навреме да се запишат на списокот и да дојдат до ова навистина ретко парче автомобилска историја со потписот на Hyundai.
Hyundai го нуди Genesis Coupe GT само со помоќниот мотор од 3.8 литри со шест цилиндри во V распоред кој испорачува 303 КС и е способен да го забрза купето до 100 km/h за 6,3 секунди и до максимални 240 km/h.
Инженерите не ја менувале моќноста на моторот и не правеле модификации на каросеријата, која има торзиска цврстина за 24% поголема од онаа на BMW M3 E46, бидејќи сметале дека нема потреба.
Модификации претрпела суспензијата која носи поцврсти и пониски пружини кои го спуштаат автомобилот до подлогата за 30 mm и со нив одат посебно поддесени амортизери кои имаат побрз одзив на компресија и екстензија од сериските.
Genesis Coupe GT носи ковани леснометални бандажи од 19 инчи на OZ Racing обуени во гуми Dunlop Sport Maxx GT. Kупето носи посебни бои и налепници кои одговараат на тркачот на 24 часа Нирубргринг.
Цената стартува од 41.990 евра.
|