Швајцарската тјунерската куќа која вообичаено работи на
модификување на моделите на Рorsche одлучи во Женева да прикаже своја верзија на тема Audi
RS6 седан, наречeна Sportec RS700.
За да го задоволат своето поимање на добро обработен
автомобил инженерите во Sportec направиле неколку модификации со кои спортскиот
седан ја достигнува вредноста на коњски сили најавани во името.
По доработката RS6 под хаубата
пакува плус 120 коњски сили во однос на серискиот модел со 580 КС и максимален
вртежен момент од мрсни 800 Nm што исто така претставува плус од 150 Nm во однос
на сериските 650 Nm.
Од Sportec признаваат дека серискиот RS6 е далеку
од „Спориот Родригез”, но тие сакале да направат нешто што ќе му парира на
„Брзи Гонзалес”.
Благодарение на зголемената моќност RS700
успева да се катапулитра себеси заедно со возачот до темпо 100 за 4,0
секунди. Двестотката ја фаќа за 12,0 секунди, а доколку педалот за гас остане
притиснат до даска многу скоро големиот караван оди преку нелимитираните
максимални 310 km/h.
Напливот на снага доаѓа од ремапираната ECU, нови спортски катализатори и издув од не`рѓосувачки челик со зголемен проток со пречник на цевките од 76 mm. Инженерите сметале дека повеќе не се
чепкало во моторот.
Понатаму RS700 лежи поблиску до подлогата за 30 mm во однос
на RS6, има нови ковани леснометални бандажи Sportec
Mono со дијаметар од 22 инчи обуени во гуми 265/30.
Дополнително додадени се дифузор, преден и заден спојлер и странични завеси сите
изработени од карбон-фибер со кои се зголемува потисокот врз подлогата и се
подобрена стабилноста при високи брзини.
|