|
03.12.2007 |
Opel GT е еден од стилски најистакнатите родстери на пазарот. И
покрај тоа што со својата цена е наменет за поширока поблика и има моќен турбо
мотор, сепак се чини дека тјунерите го заобиколуваат.
Тјунерските китови за Opel GT се малку и
половични. Единствената компанија која нуди комплетен тјунинг за GT е
германскиот Steimetz.
Нивните инженери на GT му
подариле нов издув кој завршува со две издувни цевки и е целосно направен од
не`рѓосувачки челик. Потоа на располагање е кит за спуштање кој го приближува
автомобилот до земја за 20 милиметри.
Ова оди во комбинација со нови тркала од лесен метал со
пречник од 18 до 20 инчи во антрацит или мат финиш. Тркалата се обуени во гуми
од Continental или Michelin со ширина од 245 милиметри.
Од надвро дополнително се забележува новата предна маска
и дводелниот спојлер напред со интегрирани светла за магла.

|