Get Adobe Flash player
Sting Ray со мотор во средина
09.05.2007
v7twinturbo1Иако на одговорните во GM никогаш не им паднало на памет да направат Corvette со средишно поставен мотор, сепак има луѓе кои се подготвени да ја прифатат ваквата логика.

Производителот на кастом автомобили American Super Car направи токму такво животно кое ќе биде прикажано на есен на Sema Show.

Идејата на проектот е да се направи автомобил каков што не е направен до сега. Односно една Corvette со мотор напред погон назад, да се претвори во автомобил со мотор во средина нешто слично на Ferrari или Lamborghini. Со таа разлика што станува збор за класичен автомобил.

V7 Twinturbo претставува интерпретација на класика слиена со модерна технологија. За да се постигне ова, American Super Car ја помести кабината на купето од 1963 познато како Sting Ray нанапред, со што се отвори простор за моторот и целата механика без да се менува меѓоскиното растојание.

Автомобилот е изграден околу екстремно крута цевкаста шасија, способна да ги издржи напрегањата што ги создаваат 1.000 коњи од моторот на Corvette LS потпомогнат со два турбо полначи. Задниот дел од каросеријата се крева целосно за да обезбеди лесен пристап до малечката енергана. И другите аспекти како сопирање и управување се врв.

Фотографијата е од макета која е доработена во photoshop заради оставање подобар впечаток, што од една страна е добро бидејќи овие прешироки бандажи мора да си одат.

Повеќе информации за V7 Twinturbo можете да дознаете на следнава адреса www.americansupercarinc.com.

 

 

 

Facebook