|
24.03.2007 |
Италијанскиот тјунер Studio
M направи златна спортска лимузина од Maserati
Quattroporte. Возилото беше претставено пред избрана
публика во Рим, на саемот на лукзусот „Scrigno Tesori
d'Italia”
Maserati e превлечено со прав
од 24 каратно жолто злато, а за појавата да биде уште повпечатлива Studio
M креираше посебни прагови и браници за лимузината.
Подот, таванот и багажникот се обложени
со најквалитетна алкантара, на седиштата и на вратите има скапоцена кожа од ној,
но не е проблем изборот на жртвуваното животно за сета оваа убавина да биде и крокодил,
змија, кајман или ајкула.
Арматурната табла, заедно со сите
панели околу се од рачно изработени благородни видови дрво. И тука, по желба,
како алтернатива стои платина или злато (црвено, бело, жолто), со мустра или
без. Не недостасувале идеи: за рачката на менувачот стојат на располагање 48
различни благородни камења.
Мултимедискиот пакет е целосен, се
состои од монитори во предните потпирачи за глава, има USB интерфејс и читач за картички SD. Цена...
 
|