Get Adobe Flash player
Subaru Impreza WRX STI од Perrin
26.03.2008
perrin-impreza-wrx-sti-1.jpgСо својот сериски набилдан мотор Impreza WRX STI дополнително ги предизвикува тјунерите да развиваат посебни китови кои ќе го направат и онака моќниот автомобил уште помоќен.

Најновата новина за доработка на Impreza WRX STI доаѓа од преку големата бара поточно од американската тјунерска куќа Perrin Performance која нуди цела палета на продукти од оние за зголемување на перформансите на моторот до модификации на суспензијата и каросеријата.

Прва работа што ја направиле инженерите во Perrin е замената на серискиот издув со нов од не`рѓосувачки челик со голем проток на издувни гасови и спортски катализатор.

Потоа е сменет серискиот турбо полнач со поголем од Garrett верзијата GT3071R способна од моторот на Impreza WRX STI да извлече дури 400 коњски сили. Сепак, со измена на брзиглаките за гориво и ремапирање на ECU инженерите во Perrin се задоволиле со 385 коњски сили и максималне вртежен момент од 540 Nm.

Суспензијата е комплетно дело на H&R со целосно поддесиви амортизери и можност за поддесување на висината на возилото. Вградени се поголеми стабилизатори, а автомобилот лежи на ковани леснометални бандажи од 17 инчи од Konig обуени во гуми со ширина 245 од програмата на Yokohama. Тука инженерите не претерале со димензиите ниту кај бандажите ниту кај гумите бидејќи не сакале да го „пимпуваат” автомобилот тука да остварат добри возни карактеристики.

Тука единствено не е јасна работата на дизајнерите кои автомобилот го обоиле со така наречена дигитална маскирна шара која е најнова мода во кроењето на облека за армиите која поради отсуството на конкретен облик е многу подобра за камуфлирање претопувајќи го војникот или возилото со околината.

Tука во цивилство делува малку психоделично како некој намерно да сакал Impreza WRX STI да делува како прототип во развој спремен за да биде нападнат од папараци.


 

 

 

Facebook