Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тјунерски специјалитет Continental GTC
19.09.2007
conti-gtГерманската тјунерска куќа Mansory ја прикажа својата најнова креација во Франкфурт, Le MANSory Bentley Continental GTC, автомобил дизајниран за почит кон славната 24 часовна трка.

Ексклузивноста е загарантирана со лимитирана серија од 24 примероци која ќе чини, многу, многу, многу повеќе отколку серискиот Conti.

Во Mansory почнале со екстериерот каде е доминира новиот преден спојлер во кого се вметнати светлечки диоди како замена за дневни светла, поголеми всисници за воздух и елементи од карбон-фибер.

Автомобилот го красат и старничните завеси, поголеми браници и четири хромирани цевки од издувот. Тука се и неизбежните леснометални бандажи од 22 инчи со гуми со широчина од 305 милиметри назад.

Под хаубата ремапираната ECU ги турка перформансите на повисоко рамниште. Моторот сега остварува 641 КС при 6.100 вртежи кои го носат автомобилот до максимална брзина од 330 km/h.

Заедно со силните коњи е зголемен и вртежниот момент кој генерира мрсни 780 Nm од мрзливи 1.600 вртежи – како кај дизел. Поради ова до темпо 100 потребни му се само 4,4 секунди.

Подобрените перформанси бараат и поголема сила за запирање. Затоа се монтирани масивни вентилирачки и бушени ротори од Brembo кои мерат 412 mm во пречник напред и само 405 mm назад, со шест клипни сопирачки клешти напред и четириклипни одзади.

Ваквата сопирачка опрема ви влева доверба дека скапо платеното чудовиште тешко два тона ќе застане на време.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook