Get Adobe Flash player
Тјунинг пакет за Seat Altea XL
23.04.2007
seat_altea_xl_nazadТјунерската куќа JЕ Design и скрои спортски пакет на продолжената верзија на Seat Altea. Со тоа уште повеќе се нагласува динамичниот изглед на шпанскиот ван. Предниот спојлер, во комбинација со странични прагови и со комплетно нов дизајн на задниот браник и дава силна нота на Altea XL. Целиот настап го комплетира четирицевниот издув. Комплетниот аеродинамички пакет чини 979 евра, за бандажите 17 х 7,5 со офсет seat_altea_xl_napredод 45 милиметри се додава 249 евра по парче, за навојно подвозје уште 929 евра и како за крај 1.149 евра за чип со кој силата на 2.0 TDI се качува од 170 на 193 КС. Со чипот, вртежниот момент се зголемува од 350 на 410 њутнметри при 2.050 врт./минута, забрзувањето до темпо 100 трае 7,6 секунди, а крајната брзина изнесува 224 километри на час.
 

 

 

Facebook