Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Tornado RS e најмоќниот М3
30.09.2011

Германската тјунерска куќа G-Power ја прикажа до сега најмоќната изведба на BMW M3 и ја нарекува Tornado RS. И со право бидејќи беснотилаков под хауба пакува ергела до 720 расни коњи.

g-power-m3-tornado-rs-1-2011-1

На бисерот од мотор 4.0 литарскиот атмосферски V8 на дивизијата М кој сериски испорачува 420 при 8.300 врт/мин инженерите на G-Power му вградиле механички компресорски систем кого го нарекуваат SK III Sporty Drive.

Системот ја подигнува моќноста на ветените 720 КС, меѓутоа тука не завршува приказната. Покрај механичкиот центрифугален компресор ASA T1-723 со максимален притисок од 0,5 бари системот нуди и зголемување на зафатнината.

Со поставување на ново коленесто вратило и нови клипни лостови кои доаѓаат од тркачката програма на Mahle зафатнината е зголемена на 4,6 литри со што е заокружен вториот дел од програмата за подигнување на моќноста.

Третиот дел се состои од новата вшмукувачка кутија која комплетно е изработена од карбон-фибер и има поголем волумен од сериската. Воедно со тежина од 4 kg таа е двојно полесна од сериската направена од леан алуминиум.

Вака дотеран моторот покрај моќните 720 КС ослободува и масивен вртежен момент од 700 Nm кој е безмалку двојно поголем од сериски 400 Nm. Сето ова му овозможува на G-Power M3 Tornado RS бесни перформанси.

Катапултирањето до 100 km/h изнесува само 3,7 секунди, додека максималната брзина е подигната на преку 330 km/h. Поинтересен е податокот за забрзувањето од нула до 200 km/h кое трае само 9,5 секунди.

M3 Tornado RS комлетно е опремен со аеродинамичката програма на G-Power комплетно изработена од карбон-фибер. Таа вклучува истурен спојлер на предниот браник со дополнителни отвори за разладување на сопиречките.

Понатаму, вклучува модификувана хауба и багажник со големо задно крило од три дела кое обезбедува масивен негативен потисок при високи брзини значително подобрувајќи ја стабилноста на автомобилот.

За сопирање на залетениот болид се грижат карбон-керамички дискови со дијаметар од 396 mm кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти и 380 mm одзади, кои пак, ги зафаќаат сопирачки клешти со 4 клипа.

Нив ги сокриваат ковани леснометални бандажи од 20 инчи Silverstone Clubsport кои се дополнително олеснети и обуени во гуми Michelin Super Sport со димензии 255/30 напред и 295/25 одзади.

Цената што треба да се плати за беснотилаков во G-Power ја соопштуваат директно секому што ќе се заинтересира.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook