|
31.08.2007 |
Toyota на домашниот пазар го зажешти својот компакт Blade, кај нас
познат како Auris, со 3.5 литарски V6 кој остварува
максимални 280 коњски сили и вртежен момент од 345 Nm.
Се очекува оваа жешка верзија наскоро да пристигне и на
останатите пазари, воедно и во Европа. За да ви дадеме идеја за колкава моќност
станува збор Volkswagen Golf R32 има само 250
коњски сили.
Новиот модел доаѓа со шест степен мануелен менувач, а
како опција се нуди и шест степен автоматик со можност за менување на брзините
преку рачки зад воланот.
За сопирање се задолжени вентилирачки дискови со пречник
од 16 инчи и помоќни сопирачки клешти. Автомобилот стои на 17 инчни бандажи и
гуми 225, но нема прецизни податоци за модификација на суспензијата.
Разликата во однос на обичниот Auris е
постигната со нов аеродинамичен кит со нагласени браници, странични завеси и
спојлер на крајот од кровот. И кој кажа дека Toyota парави
досадни автомобили?
|