Дефинитивно SEMA ги предизвикува
производителите на автомобили и тјунерските куќи ширум светот да ги поместуваат
границите и своите мечти да ги претворат во реалност.
Toyota сериозно го сфаќа SEМА, затоа се зафати за работа и заедно со Five
Axis го подготви едноседот Yaris Club чива
основна намена е бришкање по тркачка патека.
Според изгледот автомобилот дефинитвно личи дека е
подготвен да ги симнува времињата кружејќи по жешкиот асфалт. За да се постигне
ефектот на вистински тркач дизајнерите одговорни за проектот се одлучиле за
минималистички дизајн.
Целта е постигната со отсекување на кровот и отстранување
на комплетната внатрешност. Возачот седи во тркачка када поставена во одвоен
кокпит од налет на ветер го штити кусиот ветробран, а од превртување
интегриран ролбар.
Црвената лента и леснометалните бандажи го
дополнуваат ликот на тркач. Но, Yaris Club не е тркач
само на лик туку и на дело. За тоа се грижат измените на моторт, сопирачките,
суспензијата.
Снагата на моторот е зголемена со вградување на механички
компресор, спортски филтер за воздух и со вградување на комплетно нов спортски
издув со зголемен проток.
Со направените модификации 1.5 литарецот на Toyota
кој сериски испорачува 106 коњски сили добива зголемување на моќноста од 60
коњски сили.
Остварените 166 коњски сили се способни да си поигруваат
со лесната каросерија на Yaris Club и му овозможуваат да се претвори во
сериозен играч во клубските трки.
За да се постигне максималниот ефект во трка поставени
се и нови сопирачки со вентилирани дискови на сите четири тркала кои напред
ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти.
Суспензијата е целосно сменета. Пред се тука се мисли на
задната оска. Сега во сите четири агли работи по една опружна нога, спирална
опруга врз амортизер, целосно поддесива поради што местењето на сетапот нема да
претставува никаков проблем за сопственикот.
Леснометланите ковани бандажи се изработени од легура на
магнезиум и имаат пречник од 17 инчи. Тука инженерите не сакале да претеруваат
со димензиите бидејќи возните својства на патека биле приоритет.
Во секој случај Toyota и Five
Axis веруваат дека направиле одличен клубски тркач кој за релативно скромна
сума на пари ќе го награди својот сопственик со многу пријатни моменти минати
на патека.
|