Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
TT Roadster од ABT
02.07.2007
abt_tt-1Audi TT е омилена играчка за инженерите во ABT Sportline и не е за изненадување кога германскиот тјунер тврди дека не е оставена раат ниту една верзија од фамилијата на TT.

ABT воедно е целосно инволвиран во DTM со програмата на Audi и сознанијата од тркачката патека безрезервно ги користи при развојот на перформансни тркачи за на улица.

По перформансните пакети TT-Sport и TT-R, Abt понуди нов пакет за TT Roadster.

Пакетот вклучува: комплетен аеродинамичен кит кој се состои од нови одбојници, странични завеси и задно крило кое му дава на автомобилот посебен лик но истовремено ги подобрува перформансите со зголемување на притисокот врз подлогата.

Автомобилот го задвижува 3.2 литарскиот V6 со механички компресор кој сега остварува 355 КС и го забрзува ТТ до темпо 100 за само 5 секунди. ABT исто така го моделира и 2.0 литарскиот TFSI кревајќи ја моќноста од 240 на здрави 300 коњски сили и сето тоа го поддржува со спортска суспензија развиена на трка, бандажи од 20 инчи и сопирачки пакет со дискови од 380 милиметри.

abt_tt-2abt_tt-3abt_tt-4

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook