Тјунерската куќа Vath
специјализирана за доработка на Mercedes одлучи да си
поигра со веќе тјунираниот C63 AMG и да го претвори во ремек дело на кое би му позавидели и
споствениците на Вrabus.
Според инженерите во Vath со
последната преработката на С Класа шасијата е доведена до нејзиниот
максимум. Нивното дело наречено V63RS се перчи со
моќни 585 коњски сили и мрсен вртежен момент од 690 Nm.
Бројките велат дека тоа се 130 коњски сили и 90 Nm повеќе од C63
AMG. Дополнителната снага од 6.2 литарскиот V8 е
извлечена со помош на нова ECU која
одговара со новиот систем за вшмукување со поголем проток и со новиот издув
исто така со зголемен проток и целосно изработен од не`рѓосувачки челик.
На овој начин е разбиена магијата фрлена од инженерите на
AMG и сега С Класа, пардон V63RS, може
слободно да бришка по автопатиштата и тркачките патеки со максимaлна брзина
електронски ограничена на 325 km/h. Заради како што велат во Vath
безбедносни причини.
Сепак, модификациите не застануваат кај моторот. За сета
оваа коњица да може да се пренесе врз асфалтот и притоа автомобилот да покаже
исклучителна возна динамика и управување, инженерите во Vath морале да
сменат уште неколку детали.
Суспензијата е сменета комплетно, поставени се нови
пружини и амортизери кои влечат корени од мотоспортот и автомобилот е приближен
до подлогата. Измени се напревени и кај диференцијалот кој треба да се бори со
големиот вртежен момент. Сепак, во Vath сметале дека
сопирачките на AMG можат да се носат со дополнителните коњи и ги оставиле
негибнати.
Поставени се леснометални бандажи од 19 инчи со гуми со
ширина од 265 mm назад и 235 mm напред. Големите
гуми назад заедно со диференцијалот имаат носечка улога во пренос на 690 Nm врз асфалтот.
Сменети се и предниот и задниот браник кој сега има
вграден дифузор, дополнително е поставен и мал спојлер на капакот од
багажникот, а нови се и страничните завеси.
Така е подобрена аеродинамиката и потисокот врз подлогата,
а смалена е тежината. Деловите изработени од карбон-фибер штедат 21 kg што му
овоможува на V63RS да нуди уште подобри перформанси.
|