|
23.10.2007 |
Најмалиот автомобил на Volvo, С30 брзо стана омилен меѓу тјунерите низ цел свет, со
модифицирани верзии кои доаѓаат од компании како Evolvе, Heico и сега MR
Sweeden.
И секоја од нив се труди да развие нови производи кои ќе
го надополнат изгледот на компактот кој зрачи со стил. Овој жежок С30 е
најновата креација на MR
Sweeden и покрај аеродинамичките и стилските додатоци може да се добие со целосна
конверзија на петцилиндричниот дизел што работи во С30.
Автомобилот доаѓа со кит кој вклучува нови преден и заден
браник, спојлер на кров и леснометални бандажи со пет краци кои мерат 18 инчи
во дијаметар, обуени се во гуми со ширина 235, а се дело на ASA.
Во китот
влегува и суспензија која може да се поддесува во зависност од потребите па
така доколку се подготвувате за лудување по тркачка патека автомобилот може да
се спушти за цели 60 милиметри.
Единствената
модификација на моторот е нов спортски филтер за воздух со зголемен проток и
ремапирање на ECU со што моќноста е зголемува на 225 коњски сили од
сериските 185 коњи.
Вртежниот момент од 2.4 литраскиот турбо дизел исто така
е подобрен со максимален досег од 432 Nm. Сето ова
е доволно за забрзување до 100 km/h за 7,5
секунди и максимална брзина од 225 km/h.
 
|