Во музејот на Volvo во Гетеборг
неделава е изложен рачно изработен хотрод кој се очекува идниот месец да замине
на трунеја во земјата на хотродите Соединетите Американски Држави.
И додека вообичаено хотрод автомобилите најчесто се
направени на платформа на стари модели на Ford или некоја
друга изворно американска марка овој од Гетеборг е изграден според пример на
првиот автомобил на Volvo што некогаш се симнал од производната лента.
Станува
збор за моделот OV4 од 1927.
Овој Volvo хотрод е дело на шведската фирма Caresto, односно
нејзиниот споственик Леиф Туфвесон, а неговата изработка започна уште во 2005.
Тогаш Туфвесон ги забележа сите детали и компоненти на оригиналниот OV4 изложен
исто така во музејот на Volvo, пред да почне со рачна изработка на секоја компонента
од автомобилот.
Идејата е претставувањето на овој хотрод да се поклопи со
прославата на 80 годишнината на компанијата и истиот да биде изложен покрај OV4 од 1927.
Модерниот хотрод го доби името Jakob според конструкторот на на својот далечен предок.
Хаубата, маската што го покрива ладилникот и носачите на
предното стакло се скоро идентични како и кај оригиналот. Каросеријата е
изработена од алуминиум. Изработката во целост е направена рачно со користење
на истите техники како и во 1927, дрвен чекан и вреќичка песок.
Но, колку што има сличности има и разлики во однос на OV4. Место
четири во Jakob има само две седишта, автомобилот е значително помал,
поставени се големи тркала со посебна шара на гумата како логото на Volvo, сопирачките
се огромни бушени дискови со сопирачки клешти поставени од внатрешна страна
како кај мотоциклите на Buell, а диференцијалот штрчи од задниот дел на автомобилот.
Шасијата е изработена со обилно користење на карбон-фибер,
данок на современите технологии каде припаѓа и моторот. Се работи за понзтиот
агрегат на Volvo T5 кој работи на етанол или Е85 што го прави автомобилот
подеднакво економичен, но и доволно брз за да се натпреварува на драгстер.
Единствено нешто што разочарува во врска со овој
автомобил е фактот дека никогаш нема да се појави во продажните салони.
|