Volvo веќе пет години едно по друго изложува на SEMA и годинава слави мал јубилеј претставувајќи пет модификувани
концепти од XC 70 SR до високо перформансниот S80 T6.
Тука се и спортската верзија на С30, кабриолетот С70 и
еден вистински хотрод. За развој на овие концепти Volvo
соработуваше со германскиот Heico Sportiv за S80 Т6 HPC и
С30, додека шведскиот Cаresto беше ангажиран за С70 и за хотрод.
Концептот ХС70 беше дизајниран од Volvo, а
изработен од Aria, фирма специјализирана за изработка на концепти лоцирана
во Калифорнија.
Volvo XC70 Surf Rescue
Дизјаниран по урнек на возилата за спасување на плажа
ХС70 SR вози на суспензија подигната за 125 милиметри, предимензионирани гуми и
модификувана каросерија. Внатре е сместена целосна опрема за давање на прва
помош и кастомизирани даски за сурфање. 3.2 литарецот остварува 235 коњски сили кои се
пренесуваат на сите четири тркала преку електронски контролираниот погон на Volvo.
Heico Sportiv S80 T6 High Performance Concept
S80 T6 HPС вози со биоетанол Е85, а моторот Т6
остварува 350 коњски сили кои ги задвижуваат сите четири тркала. Моделот е
обоен со уникатна седум слојна боја со метален ефект, додека внатрешноста се
гордее со рачно изработен кожен ентериер со алуминиумска централна конзола која
оди од арматурата па се до раздвоените школксати седишта назад.
Heico Sportiv C30
Слично како и XC70 SR и С30 е инспириран
од сурфингот со уникатна сурферска шара внатре на центрaлната конзола и надвор
на каросеријата. Автомобилот е спуштен, носи целосен аеродинамичен кит со
интегрирани спојлери и поголеми отвори за воздух. Моторот остарува 300 коњски
сили со помош на нов турбополнач и издув со поголем проток која завршува со
четири издувни цевки.
Caresto C70
Направен како наследник на Caresto Hot Rod кој
дебитираше на SEMA лани Caresto C70 има мотор од 278 коњски сили и
препознатлива сина боја. Интериерот е изработен во рачно шиена кожа. Каросеријата
има нов преден и заден браник и инсерти од четкан алуминиум околу светлата за магла.
Caresto Hot Rod
Првпат претставен на SEMA минатата
година Caresto Hot Rod доби толку многу позитивни критики што
Volvo одлучи да го прикаже и годинава. Комплетно рачно изработен од алуминиум и
карбон-фибер, Caresto Hot Rod има многу делови од Volvo вклучувајќи го и
моќниот V8 со 311 КС.
|