Get Adobe Flash player
Volvo P1800 со стил на модерен GT
07.05.2009
volvo-p1800-vox-1.jpgШто имаат заедничко Volvo и Koenigsegg? Вљубеникот во автомобили Матијас Вокс кој рачно ги изработува автомобилите на Koenigsegg и сега одлучи да се зафати сo оживување на иконата Volvo Р1800.

Сопственикот на Vox Customs, Матијас Вокс, кој подеднакво ја дели љубовта кон суперспортските и класичните автомобили, одлучи да му помогне на Бо Золанд во остварување на неговиот дизајнерски сон кој всушност претставува современо видување на една икона од 1960. од ХХ. век.

Бo Золанд одлучил да направи модерен GT реплицирајќи го оригиналниот Volvo P1800 кој покрај актерот Роџер Мур играше главна улога во хит телевизиската серија од шеесетите The Sаint – Светецот.

Со помош на шведското дизајнерско студио Vizueltech изработени се комјутерски генерирани фотографии кои даваат верна слика за автомобилот кој наскоро ќе биде направен во работилницата на Vox Customs.

Иако генерално дизајнот ги следи линиите на оригиналот од пред половина век, сепак, направени се одредени измени со цел вградување на современи компоненти и постигнување на подобра аеродинамика. Тука пред се се мисли на поголемите арки над тркалата кои треба да сместат огромни леснометални бандажи со широки гуми и издолжување на предниот дел за 70 mm во однос на оригиналот.

Најголемата разлика се сокрива под каросеријата каде се вградени современи механички компоненти како суспензија со можност за поддесување, моќен сопирачки систем со огромни самовентилирачки и жлебени дискови и напред и назад кои ги зафаќаат четири клипни сопирачки клешти.

Скромниот 1.8 литарски четири цилиндричен атмосферски бензинец кој кај оригиналот истискуваше 100 КС е заборавен во минатото. Под долгата хауба на ретро-модерниот GT исто така работи оригинален мотор на Volvo.

Изборот паѓа на огромниот 4.4 литарски V8 земен на заем од Volvo XC90 кому дополнително му е вграден трубо полнач и сега преку шест степен мануелен менувач кон задните тркала испраќа близу 600 КС.

Од останатите современи новини кои се вградени во репликата на P18000 се рамната подница и дифузорот од зади, а сменети се и предните светла заради постигнување на подобра аеродинамика и подобар контакт со подлогата при високи патни брзини.

Според Матијас Вокс забрзано се работи на остварување на прокетот и треба да се очекува наскоро да го видиме на некоја автомобилска приредба.

 

 

 

 

Facebook