Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo R-Design во понудa
26.11.2007
volvo-c30-r-design-1.jpgПакетите на Volvo R-Design кои го истакнуваат перформансниот стил на моделите С30, S40 и V50 сега се дел од редовната понуда на шведската фирма иако понудата ќе биде лимитирана за некои пазари.

И пред да се возбудите поради враќањето на буквата R во програмата на Volvo само да напоменеме дека таа не означува многу коњски сили и спортски сетап на суспензијата. Тука станува збор само за куп стилски додатоци.

Постарите познавачи ќе жалат поради ова и поради сеќавањето на високоперформансите модели на Volvo кои носеа R во името и кои се произведуваа помеѓу 1994 и 2007.

Стилскиот кит доаѓа сериски во две верзии, Sport и SE Sport, и е достапен како опција кај сите моделски верзии на С30, S50 и V50, освен кај верзиите опремени со 2.4 литарскиот бензинец.

Дел од китот се дополнителните детали на екстериерот како беџот R-Design на предната маска, браници целосно во бој на каросеријата, спојлер на кровот назад, сребрен мат финиш на предната маска и на страничните ретровизори и уникатни леснометални бандажи од 17 и 18 инчи.

Внатре возилата доаѓаат опремени со облоги и седишта во две бои црна и крем означени со извезеното лого на R-Design, кожен волан, сини инструменти и алуминиумска централна конзола со исто такви педали.

volvo-c30-r-design-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook