Volvo
за претстојниот салон во Франкфурт ја најавува спортската
изведба на XC60
под познатото лого на R-Design, а планот е
комерцијализацијата да стартува набрзо по завршувањето на салонот.
Карактеристично за сите изведби R-Design на Volvo е спуштеното и поцврсто подвозје и
препознатливиот аеродинамичен кит за каросеријата, додека перформансите
остануваат на ниво на стандардните верзии.
Од надвор XC60
R-Design се разликува по мат сивиот метален финиш на кровните
шини, ретровизорите, праговите, рамките на отворите за воздух во предниот
браник, заштитата на задниот браник и хромираните издувни цевки.
Леснометалните бандажи со пет пречки наречени Cratus исто
така се карактеристични за моделите од линијата R-Design на Volvo. Не е исклучок ниту XC60 кај кого сериски тие мерат 18 инчи, но со доплата се добива сет од 20
инчи.
Друга измена во надворешниот дизајн се браниците и
страничнита заштита обоени во боја на
каросеријата, место црниот мат финиш кој ја краси стандардната верзија на XC60.
Кога е во прашање доработката на подвозјето инженерите за
кај XC60 R-Design се одлучиле на еден интересн потег. Додека останатите модели од
серијата R-Design имаат спуштено и стегнато подвозје кај XC60 суспензијата е само поцврста.
Инженерите во Volvo не го спуштиле возилото, но сепак поцврстите
пружини и амортизери му овоможуваат на XC60
R-Design подобро да се носи со свијоците и да има подобри
динамички карактеристики.
Темата со мат финиш на деталите од каросеријата
продолжува и во кабината на XC60
R-Design. Воланот, облогите на вратите, арматурата и централната
конзола се украсени со детали од четкан алуминиум.
Алуминиум е искористен и за педалите, додека седиштата се
преслечени со кожа во две нијанси. Воланот е обложен со перфорирана, а во
центарот е изгравирано неизбежното лого на R-Design. Истото се наоѓа и на
предната маска.
Останатите детали за Volvo XC60 R-Design, фотографиите
од внатрешноста и цената ќе се знаат по претставувањето во Франкфурт.
|