|
Volvo е познат по создавање на безбедни премиум автомобили кои од секогаш предничеле меѓу елитата во Шведска. Затоа марката создаде и тркач кој тргнува во освојување на шведската елита.

Станува збор за елитната тркачка серија во Шведска со полно име Swedish Racing Elite во која Volvo минува од Шведскиот шампионат на сериски модификувани автомобили, а ќе се трка со S60 кому заедничко со серискиот модел е само ликот.
Volvo не е странец на тркачките патеки. Тркачките изведби огромниот коцкест 850 палеа и жареа на патеките од Британскиот шампионат за сериски модификувани автомобили BTCC.
Новиот тркач на Volvo го носи телото на седанот на S60, но она што се гледа од надвор е само школка изработена од карбон-фибер и оптимизирана во воздушен тунел за поголема аеродинамика и негативен потисок.
Шасијата е моноко од карбон-фибер со помошни рамки од цевки од легиран челик кои ги носат механичките компоненти. Моторот е бензинец V6 и е способен да испорача 426 КС, а спарен е со шест степен секвенцијален менувач.
Погонската спрега профитира и од системот за регенерација на кинетичката енергија KERS. Сопирачките се карбон-керамички вентилирани дискови со дијаметар од 370 mm напред и 360 mm назад.
Дисковите се сокриваат зад ковани леснометални бандажи од легура на магнезиум кои мерат 18 инчи. Тркачкиот Volvo S60 ќе го користат два тима Volvo Polestar Racing и Volvo Polestar Performance.
|