Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW Golf VI доработен од ABT
27.11.2008
vw-golf-6-abt-1.jpgТјунерската куќа АВТ специјализирана пред се за доработка на возилата од програмата на Volkswagen и Audi за претстојното мотор шоу во Есен подготви модификувана верзија на Golf VI.

Познавачите ќе забележат дека се работи за блага преработка на шестата генерација на Golf гледано според стандардите на АВТ. Во секој случај дизајнерите на германскиот тјунер успеале да го подобрат изгледот и перформансите на серискиот автомобил.

Golf VI со пакетот на АВТ добива нова предна маска и нов браник, но повеќе може да се забележи дека автомобилот добива поразличен, отколку полут лик.

Пакетот го потполнуваат странични завеси, спојлер на кровот и нов заден браник со интегриран дифузор и два пара издувни цевки.

Модификациите на подвозјето опфатиле нова спортска суспензија со пониски потврди пружини и соодветни амортизери. Сменети се и сопирачките со поставување на поголеми дискови кои се сокриваат зад леснометални бандажи од 18 и 19 инчи.

Перформансниот кит ја зголемува снагата кај моторите во зависност од барањата на клиентот. Ова значи дека 1.4 литарскиот турбо бензинец место сериските 125 КС може да добие 160 па дури и 200 коњски сили.

На 2.0 литарскиот турбо бензинец модификациите му носат максимални 240 коњски сили, но во АВТ уверуваат дека се работи на верзија која ќе истискува близу 300 коњски сили.

Ова се само првичните најави за модификуваниот Golf VI. Целосната спецификација на направените измени АВТ ќе ја обелодени по претставувањето на автомобилот во Есен.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook