Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW Scirocco е тјунерска инспирација
27.11.2008
vw-scirocco-abt-1.jpgТјунерските куќи и нивните инженери како со нетрпение да го очекуваа Scirocco. Иако на пазарот е кус временски период тјунерите безмалку го разграбуваат за преработка.

Дефинитвно Scirocco е еден од ретките автомобили кој претставува вистинска инсипрација за тјунерите.

Ханс-Јурген Абт шефот на тјунерската куќа ABT Sportline истакна дека тие се инспирирани од динамичкиот лик и од возната динамика на Scirocco и дека се на почеток на развој на бројни тјунирани варијанти и китови за него.

Уште при првиот поглед на доработениот Scirocco од ABT станува јасно дека е посветено големо внимание и употребена е голема фантазија за да се нагласи агресивниот лик на автомобилот.

Новиот преден браник со интегриран спојлер и новата предна маска го прават уште поагресивен и препознатлив. Одзади Scirocco исто така добива нов браник со интегриран дифузор и од кого штрчат двојни косо поставени издувни цевки.

Дизајнерите успеале да вкомпонираат и задно крило кое личи како да е слеано со испакнувањето на задната врата. На врвот од задното стакло во продолжение на кровот се наоѓа и дополнителен спојлер.

Страничните завеси кои прават Scirocco да изгледа како да стои уште пониско до подлогата го комплетираат аеродинамичкиот кит развиван во воздушен тунел. Инженерите за аеродинамика отвориле и дополнителни шкрги за довод на ладен воздух до задните сопирачки.

Scirocco ABT лежи на леснометални бандажи со пречник од 18 или од 20 инчи од серијата BR и AR на ABT кои покрај тоа што го подобруваат визуелниот настап обезбедуваат и подобро држење на асфалтот.

Возната динамика е уште еден главен аспект врз кој се фокусираат во ABT. Лежењето на пат дополнително е подобрено со нови пониски и поцврсти пружини и нови амортизери кои го спуштаат Scirocco дополнителни 30 mm до подлогата.

Комплетниот аеродинамичен кит опишан погоре чини 5.990 евра кои се доплаќаат на цената на серискиот Scirocco. Секако во цената не се пресметани модификации на моторите. Тие чинат дополнително и се наплаќаат во зависност од бараните измени, а списокот е долг.

Турбо бензинецот TSI од 1.4 литри од сериските 160 коњски сили по доработката во ABT добива 200 коњски сили. Дизелот 2.0 TDI од сериските 140 оди до 170 коњски сили, додека 2.0 литарскиот турбо бензинец добива дополнителни 40 коњски сили на постоечките 200 КС.

ABT паралелно со доработката на моторите нуди и кит за сопирачки кој се состои од самовентилирачки дискови со дијаметар од 345 mm за предните тркала.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook