Сличен, но сепак, различен, така би можела да гласи
девизата за овој Scirocco GT24 кој всушност претставува цивилна
верзија на тркачкиот автомобил што ќе вози на 24 часа Нирбургринг викендов.
Станува збор за концепт претставен на тјунинг шоуто на
езерото Вертер во Австрија, кој според најавите од Volkswagen треба да
биде вовед во спортската верзија на серискиот Scirocco кој кога ќе
се појави на пазарот настапува под полно име Scirocco R.
Под хаубата ќе работи проверениот 2.0 литарски турбо
бензинец со директно вбризгување директно TFSI кој би
требало да остварува максимална моќност од 325 коњски сили, 25 повеќе од
тркачкиот Scirocco.
Моторот има олеснет замавник, а снагата до предните
тркала ја испраќа преку модификуван DSG менувач со спојки
изработени од посебен материјал кој може да го издржи огромното напрегање.
Сличноста со тркачот се огледува во истата каросерија
која е растегната дополнителни 227 милиметри во однос на серискиот Scirocco и што е
уште поважно има поширока трага за дури 61 милиметри од есенцијално значение за
добри возни својства и одлично лежење на пат.
Понатаму спортиство има модификувана спортска суспензија со
поддесиви пружини и амортизери со кои по потреба автомобилот се приближува до
подлогата за цели 75 милиметри, а лежи на леснометални бандажи од 18 инчи зад
кои се сокриваат огромни вентилирачки сопирачки дискови со пречник напред 362
милиметри, назад 255 милиметри.
Ентериерто е спартански или уште подобро тркачки. Тука
нема ништо од силните електрични и електронски помагалашто живот значат, ниту
пак може да се види некаков луксузен елемент. Сето ова е во служба на
перформансите.
На овој начин инженерите успеале да ја спуштат тежината
за 178 килограми во однос на сериската верзија, па така Scirocco
R тежи само 1.120 килограми.
А за возачот и совозачот се обезбедени тркачки кади од Recaro,
едноставна арматура од карбон-фибер со дисплеј од течни кристали место
класичните инструменти, спортски волан, систем за гаснење од пожар и најважното апликација од мапата на Нирбургринг.
|