Специјалистот за тјунинг на Volkswagen, JE
Design направи уште една доработка на Touareg која вклучува
аеродинамичен кит, зголемување на перформансите и нов сетеп на суспeнзијата.
Каросеријата е толку изменета така што кога ќе го видите
во ретровизор модификуваниот Touareg од JE Design не шанси да го замените со некој обичен SUV кој има
само агресивен аеро-кит, надуени браници, големи леснометални бандажи и LED
осветлување.
Во JE Design фокусот е го ставиле врз модификување на дизелите.
Инженерите кај 5.0 литарскиот V10 TDI ја зголемиле моќноста за 39 КС, па така сега моторот
остварува 352 коњски сили и камионски вртежен момент од 855 Nm, место
сериските 750 Nm. Подобрувањата го скартуваат времето за спринт до 100 km/h на само
7,4 секунди.
Кај 3.0 литарскиот V6 TDI моќноста е
зголемена на 285 коњски сили, место сериските 225 КС, а вртежниот момент е
зголемен за 50 Nm и сега изнесува 550 Nm. Touareg со овој
мотор забрзува до темпо 100 за 8,9 секунди и достигнува максимални 210 km/h.
Зголемувањето на моќноста е убаво, но она што ќе направи
вашиот Touareg од JE Design да се разликува е аеродинамичниот кит кој
значително го проширува автомобилот.
Предниот браник со спојлер и со мноштво отвори за
воздух потребни за хранење и ладење на модификуваните мотори. И задниот браник
со дифузор и место за два пара издувни цевки.
Овие се поврзани со нови странични завеси и нови
проширени арки над тркалата. А најслаткото останува за на крај. Touareg вози на 22
инчни бандажи од лесна легура со десет пречки и носи сини светлечки диоди по
цела должина на страничните завеси.
 
|