Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Wald ја тјунира Mercedes С Класа
29.03.2008
wald-mercedes-c-klasa-1.jpgПо успешната преработка на луксузното купе на Mercedes, CL јапонската тјунерска куќа Wald одлучи да го доработи и Класа С создавајќи лик од кој не би се посрамотил ниту еден болид од DTM.

Кога веќе го спомнуваме DTM и болидите што возат во овој шампионат, тогаш ја наоѓаме и инспирацијата за задното крило, агресивните браници напред и назад, отворите за одвод на топол воздух во предните крила, интегрираниот дифузор назад, страничните завеси, четирите издувни цевки и хаубата од карбон-фибер прошарана со отвори за вентилирање.

Задржувајќи го стилот во Wald ја опремиле и кабината со алуминиумски педали, спортски волан и детали од карбон-фибер. Цената на доработката сеуште не се знaе бидејќи автомобилот сеуште е во фаза на развој и се очекува официјално да биде прикажан кон средина на годината.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook