|
Престижната тјунерска куќа Alpina која воедно е и официјален тјунер на BMW на салонот во Франкфурт прикажа жежок семеен дизел на основа на новата генерација на серијата 5 од Баварија.

Новиот модел на Alpina го носи познатото име D5 Bi-Turbo и под хауба пакува доработена варијанта на најмоќниот дизел што се вградува во сериската изведба на BMW Серија 5 со зафатнина од 3.0 литри шест цилиндри во линија и 245 КС.
По доработката од експертите за мотори на Alpina моќноста на моторот скокнала на 350 КС меѓу 4.000 и 4.200 врт/мин со што е добиена специфична моќност од 117 КС на литар зафатнина што се смета врв меѓу дизелите.
Интересно без оглед на драстичното зголемување на моќноста потрошувачката на останува иста како кај серискиот модел, односно и Alpina D5 Bi-Turbo во просек троши 6,2 l/100 km седан верзијата и 6,5 l/100 km комбито.
Забрзувањето до 100 km/h е скусено на 5,2 секунди, а крајната брзина изнесува 270 km/h и не е електронски ограничена како кај сериската верзија на Серија 5. Alpina D5 Bi-Turbo може да се пофали и со подобро сопирање.

Огромниот сопирачки потенцијал доаѓа од огромните вентилирани диск сопирачки и напред и назад од кои предните имаат дијаметар од 347 mm, а задните од 345 mm.
Нив ги сокриваат леснометални бандажи од 20 инчи обуени во гуми со димензии 255/35 напред и 285/30 назад. Потенцијалот на моторот кон задните тркала се испраќа преку осум степениот автоматик на ZF.
Менувачот е познат од останатите модели на BMW, но посебно е доработен од Alpina за да одговара со карактеристиките на моторот заради што е постигната и ниската потрошувачка. Цените ќе бидат објавени дополнително.
|