|
16.10.2007 |
На 15 јули 2007 година, Луис Гордон
Пуг – познатиот британски истражувач – исплива 1km низ заледените води на северниот пол на температура од -
1,8°C.
За да го одбележи овој неверојатен потфат, компанијата Villemont, која
беше официјален мерач на времето претстави ограничена серија на часовници.
Arctic Explorer® Limited
Edition Lewis Pugh е спортски, мажествен, но и елегантен хронограф кој ќе биде
произведен во ограничена серија од 50 парчиња, а сите примероци се опремени со
Solar Navigator® системот за навигација кој се раководи според
позицијата на сонцето и сенките.
Изборот на „British Racing Green”
како доминантна боја на часовникот треба да подсетува на успесите на
британските тркачи и нивната традиција, а часовникот воедно добива и шик
изглед. Механизмот е традиционално призведен во Villemont според највисоки
стандарди во смисла на тестирање и водоотпорност. Како доказ за ова служи и
фактот дека сите 50 примероци биле испитувани на северниот пол и без било каков
проблем ги поминале сите тестови.
Цената на Arctic Explorer®
Limited Edition Lewis Pugh изнесува 9.900 долари. Производителот на часовници
се обврза да донира дел од средствата добиени од продажба на овој модел на WWF - World Wildlife Fund и нивната борба за зачувување на овие поларни региони.
|