|
11.03.2008 |
Кулата од звучници заеднички проект на Ferrari
и на David Wiener Ventures именувана како Art.Engine е совршен
и уникатен поклон за секој фан на Ferrari кој и онака
поседува се што ќе посака.
Вертикалната звучна кутија содржи поголем број на
звучници наредени еден над друг со мембрана од карбон-фибер и два отвори за бас
рефлекс во стил на отвори за ладење за
поголема сличност со моделите на Ferrari.
Art.Engine го добива звучниот сигнал преку
бежичен WiFi уред, но оставени се и соодветни изводи за приклучување на
CD плеер или iPod. Распонот на фреквенцијата оди од 40 Hz до 20.000 Hz што значи
дека ниту најзагрозените аудиофили нема да можат да најдат замерка на
репродукцијата на звукот.
Звучната кула има чист дизајн без многубројни прекинувачи
кои само би ги нарушиле течните линии. Единственото копче се наоѓа на врвот од
кулата од десна страна и служи за вклучување и исклучување. Копчето e исто како
и старт/стоп копчињата во автомобилите на Ferrari.
За да се сочува ексклузивата и кај звучниците на Ferrari
одлучено е Art.Engine да се произведе во лимитирана серија
од само 1.000 единици. Цената е тука за да го надополни чувството на
ексклузивност и претставува една убава округла бројка од 20.000 долари.
И за на крај секому што нема да му се допадне
комбинацијата на црвено црно како звучникот на фотографијата ќе може да одбере
меѓу дополнителниве три комбинации сиво/црно, сребрено/црно и секако црно/црно.
|