|
31.05.2011 |
|
Стилизираниот мебел како сообраќајни знаци не е евтин, но оние што се малку повешти велат дека секој може да си го направи сам и да има шик дом за помалку пари отколку да оди директно во дуќан.

Дизајнерот на индустриски дизајн Борис Бали ја претстави својата колекција на мебел инспириран од автомобилска тема. Масите и столиците на Бали се изработени од секакви стари патни знаци.
Затоа секое парче мебел може да биде уникат и да биде скроен според желбите и потребите на сопственикот на домот. Значи место во дуќан на отпад. Удобноста на еден вака изработен мебел може да се стави под знак прашалник, но идејата е интересна и ни се допаѓа.
Доколку не ви се оди на отпад тогаш нарачајте од дуќанот на Бали. Цената на столиците почнува од 1.100 долари, а на мaсите од 900 долари, додека некои примероци достигнуваат баснословна вредност од 4.500 долари.
Се чини дека со вакви цени секој љубител на мебел со сообраќајни знаци ќе ги засука ракавите и ќе го направи сам.
|