Get Adobe Flash player
Belkin водоотпорен глушец
05.07.2007
belkinЗа сите болни по чистота Belkin го представи водоотпорниот глушец кој ќе почне да се продава кон крајот на септември.

Глушецот е со чист и едноставен дизајн, а неговата водоотпорност не се однесува само на случајно истурени течности во мали количини, туку станува збор за комплетно водоотпорен глушец дури и под јак млаз вода.

Тркалцето заради водоотпорноста заменето е со scrool pad, а останатите карактеристики вклучуваат USB приклучок како и резолуција од 1200 DPI.

Глушецот ќе може да работи на поголем број на разни подлоги, а очекуваната цена изнесува триесетина долари.

 

 

 

Facebook