Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Blancpain часовник за релито Париз – Пекинг
13.07.2007
watch_1Летаргичен поглед кон било кој тркачки автомобил ќе ви каже дека поврзаноста со мотоспортот е бесценета вредност за голем број на компании, а посебно на часовничарите.

Растечкиот број на производители на хронометри плаќаат многу за да ги поврзат своите имиња со трка или рели. Уште повеќе ако станува збор за настан со класични автомобили.

По примерот на Chopard кој традиционално ја спонзорира Mille Miglia, швајцарскиот часовничар Blancpain неодамна го спонзорираше историското рели од Париз до Пекинг.

Годинава релито стартуваше од Кина, а рута минуваше покрај Кинескиот ѕид, па низ Монголија, степите на Азија, пустината Гоби, Сибир, Москва, Св. Петерсбург, Естониа, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Германија и заврши во Париз.

Во таа чест Blancpain направи две лимитирани серии од 130 хронографи еден со црвени детаљи, а другиот со жолти, двете официјални на релито.

Blancpain – значи бел леб – е основан во 1735 и денес со компанијата управува синот на претседателот на Swatch бидејќи е дел од групата Swatch.

Компанијата е позната по производството на едни од напрецизните автоматски механизми кои се користат за часовници за длабоко нуркање стандардна опрема на американските морнарички командоси Фоки и екипажот на Жак Кусто и како најстариот произдводител на часовници.

watch_2

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook