|
Лесен, спортски, брз. Епитетите кои важат за моделите на BMW M GmbH важат и за нивниот прв производ на две тркала велосипедот за чија конструкција се погрижиле инженерите на М Power.

Од BMW се гордеат со првиот велосипед дизајниран од М одделот за кого велат дека се одликува со лесна алуминиумска рамка, спортски дизајн, издржливи високоперформансни компоненти и исклучителна брзина која пак дирекнто зависи од движечката сила.
Елегантниот мат антрацит рам совршено е комбиниран со блескавите диск сопирачки, впечатливите бандажи со црвен оквир, црвените рачки и црвеното лого М вметнато во коженото седиште.
BMW М велосипедот ќе се нуди во три величини на рамот М: 46 cm погоден за човек со висина 162 – 178 cm, L: 51 cm за висина 175 – 185 cm и XL: 55 cm за висина 183 – 195 cm.
Тежината изнесува 12,9 kg, предната алуминиумска вилушка е Мanitou Мatch и има од од 80 mm, додека запчениците, менувачите и диск сопирачките се од врвната серија SLX на Schimano.
Велосипедот ќе биде произведен во лимитирана серија и ќе биде достапен во дилерските салони на BMW од јуни месец годинава, а паралелно со него доаѓа и цела колекција на производи со логото М.
Така наречената M Collection ја сочинуваат М Cabin Bag – патна торба изработена од најфина кожа и М Shoes – црни патики изработени од кожа и најлон и дизајнирани во соработка со Puma.
Цените на велосипедот и торбата и патиките од М Power ќе бидат објавени на посебната интернет страницата на BMW за онлајн купување.
|