|
24.01.2008 |
Ниту еден друг наслов не би бил посоодветен за најновиот модел на Bugatti
кој нема да ви го обезбеди епитетот „најбрзиот дечко у маало”, но затоа сите ќе знаат дека имате најкул тостер на светот.
Дизјанот на тостерот на Bugatti е
инспириран од неговите класични автомобили со заоблени и флуидни линии, додека
вртливото копче за вклучување и регулација на температурата потсеќа нивните
инструменти.
За да се запази моментот на индивидуализација тостерот на
Bugatti доаѓа со шест различни финиши од кои најпопуларен е
розовиот. Останатите се црвена, портокалова, крем, црна и секако не изоставниот
финиш од не`рѓосувачки челик.
|