Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хронографот од Jaeger го отклучува Aston Мartin DBS
18.09.2007
aston-martin-dbs-watchОва личи на финта извадена од некој филм за Џејмс Бонд. Чудно, но вистинито. Aston Martin нуди лимитирана едиција на Jaeger LeCoutre рачен часовник за својот нов модел DBS.

Убавото во часовникот е што со него можете да го отклучите и стартувате автомобилот. Неубавото е што е наменет исклучиво на купувачите на врвниот модел на Aston Мartin кој под хаубата пакува 510 коњски сили.

Часовников носи цена од 25.000 евра, а кога на тоа ќе се додаде и цената од 240.000 евра кои веќе сте ги издвоиле за автомобилот сумата ја преминува границата од четвртина милион европски банкноти.

Но, за олку пари купувачите добиваат еден од најкомплексните рачни покажувачи на време што светот ги познава.

Во часовникот се вградени преку 200 делови кои го сочинуваат само куќиштето, а уште толку делови користи механизмот кој ги врти стрелките и покажува точно време и уште нешто.

Инженерите успеале во тесниот простор да ја свиткаат електрониката од транспондерот на DBS така за да може да се спакува во внатрешноста на часовникот без да му пречи на автоматскиот механизам.

Шефот на Jeager, Џером Ламберт вели дека новиот часовник ви дозволува да заборавите на клучевите и слободно можете да ги оставите дома, доколку стравувате да ги загубите.

Според него на пат е и многу поскап модел. Дотогаш купувачите ќе мораат да се задоволат со или обичниот модел од титаниум или поексклузивната едиција rose-gold.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook