Рачните часовници на тема Формула 1 најчесто се премногу
големи, премногу светкави и задолжително носат име на некој актуелен возач или
барем име на некој што е меѓу живите.
Hubolt Big Bang Ayrton Senna All Black Rattrapante како што
гласи полното име на овој рачен часовник одговара само на една од горе
наведените категории.
Часовникот не е џиџе и носи име на непрежалениот вируоз
на воланот. Значи е голем.
Ексклузивниот хронограф им фрла ракавица в лице на оние
светкавите часовници со својот шпијунски мат црн финиш и црното гумено каивче,
што оди заедно со современиот тренд на мат обоени автомобили.
Во срцето на керамичкото куќиште со пречник од 44,5
милиметри лежи автоматскиот механизам на Hubolt, HUB44RT кој покрај
главните стрелки ја задвижува и целата палета на мали бројчаници.
Ова големо, црно и темно парче часовник го трасира патот
за успех на Hubolt на пазарот во Бразил, а часовникот е резултат на
партнерството меѓу компанијата од Швајцарија и Институтот на Аиртон Сена,
фондација основана од сестрата на Аиртон, Вивиен.
Дел од добивката од продажбата на 500 часовници колку што
изнесува серијата одат за Институтот, а со цена од 25.000 долари по часовник
сигурни сме дека тоа ќе биде една убава сума.
|