Blaupunkt претстави аудио систем базиран на SD мемориска
картичка. Според менаџерот на Blaupunkt за САД, Луц Маршал се повеќе и повеќе
луѓе сметаат дека цедеата се застарени.
На сите они што мислат дека CD е картенка
за Christian Dior, Blaupunkt им нуди ново стерео за во автомобил.
Моделот Melbourne SD27 одбива да ги прими
компактните дискови бидејќи малечкиот отвор во себе може да прими само SD мемориска
картичка и има еден куп опции за прикачување на други дигитални музички
деликатеси.
За разлика од пред историскиот АМ/FM тјунер со
можност за меморија на 25 радио станици, SD27 доаѓа со
3,5 милиметарски AUX излез и се поврзува со опционален USB,
Bluetooth или iPod адаптер.
Дисплејот може да се справи со 127 музички директориуми и
прикажува 30 карактери од секоја ID3 ознака. Но, тоа не
е се. SD27 нуди и TEL/NAVI влез за прикачување на мобилен телефон и систем за
навигација.
Значи доколку апаратот работи на принцип „1” и „0”, но не
е компакт диск за него има место во Мelbourne SD27.
Моќноста е 4х45 вати, со задолжителни 4 канални излези за
појачало без кое знаете и сами не можете да живеете. И сето ова е ваше за цена
од само 160 долари или околу 114 евра.
Па, техно-љубители повелете.
|