|
31.08.2007 |
Една јапонска компанија за мебел направи суперавтомобил.
Со цената на суровините за изработка на автомобили која оди до небо можеби
производителите треба да размислат за алтернативи.
Буквално крстен како „дрвен супер автомобил” овој органски
автомобил всушност е трикл или мотоцикл со три тркала. Има три места за седење
со возачот сместен напред во средина.
Повеќе наликува дека е моделиран според индиските такси
на педали отколку по примерот на некој современ автомобил. Максималната брзина
му изнесува 80 km/h, а цената неверојатни 32.000 долари.
Сепак, јапонците веруваат дека нивниот трикл ќе привлече
ретки вљубеници во дрвени предмети кои можат да си дозволат еден ваков
примерок.
 
|