|
08.10.2007 |
Шведскиот производител на спортски
автoмобили Koenigsegg го претстави својот најнов часовник по цена од 30.000
долари, а произведен е во соработка со Edox.
Знам дека голем број на луѓе се веќе заморени од разно-разните спортски врски на автомобили/часовници, но никој не
може да негира дека часовниците, посебно хронографите, најчесто се продолжеток
на машкоста. Што имаш под хаубата најчесто е споредливо со тоа што го имаш на
раката.
Во овој случај, куќиштето е
стилизирано според Koenigsegg CCX. Горниот дел од часовникот е имитација на
вратите кај Koenigsegg, а воедно и служи за заштита на круната, а бројчаникот е
копија на инструмент таблата… сличностите одат до недоглед.
Механизмот е хронографот Edox 45, а
часовникот е изработен од титаниум и челик со бројчаник од карбонски влакна и е
водоотпорен до 50 метри. Ќе се произведува во ограничена серија од 30
часовници.
|