|
31.10.2007 |
Можноста да купите Ferrari
за помалку
од 12.000 долари звучи како остварување на вашиот сон... но немојте премногу да
се возбудувате. Ferrari-то за кое зборуваме оди
само 20 km/h.
Segway ги здружи силите со Ferrari и го создаде Limited Edition Ferrari PTi2.
Перформансите на
претставениот модел воопшто не се разликуваат од стандaрдниот модел i2,
но рачките на управувачот и предниот куфер обложени со кожа, класичната Ferrari црвена боја и логото на Scuderia Ferrari секако даваат посебен печат на
ова возило.
Исто како и оригиналот, PTi2
може да
постигне максимална брзина од 20 km/h, а со едно полнење може да помине околу 40 километри.

|