|
28.09.2007 |
Да, да прочитавте точно. Менувач со канали, како во
најдобрата традиција на Ferrari, фиксиран на мобилен телефон. И не само тоа.
Кутијата која нуди сместување за ниско технолошкиот
телефон со висока цена е направена од истата титаниумска легура како и
вентилите од моторот на болидот во Формула 1.
Значи со сигурност можеме даконстатираме дека ова е
телефон за некој тврдокорен фан на Ferrari кој нема никаков
проблем да потроши еден куп пари на преценета и застарена електроника.
Vertu Ascenti Ferrari 60 е телефон за
секојдневна употреба и покрај тоа што е направен од титаниум, обложен со кожа
од Ferrari и е зашрафен со навртки какви што користи Ferrari
за своите автомобили.
За летаргично да ја платите цената што се бара за него,
само за да и се јавите на својата мајчичка, треба да поседувате најмалку два
модели на Enzo. Но и покрај тоа запаметете дека ова е само еден
обичен телефон кој неможе да даунлодира ниту музика ниту интересни клипчиња од
интернет.
А зошто му е менувачот со стилизирани канали е
комплетна мистерија.
|