|
13.08.2007 |
Fujifilm го најави новиот компактен и
лесен фотоапарат кој би требало да наликува на еден современ SLR со резолуција од 8 мегапиксели.
Најголема резолуција при снимање на
видео запис е 640x480 пиксели на 30 фрејма, има 10x оптички зум, а освен што
може да снима на големи оддалечености, фотоапаратот има и Super Macro функција
со која може да фокусира на само 1 cm.
Фотоапаратот ги подржува ISO
степените на осетливост до вредност 1600 и има вградена Anti-blur технологија за
добивање остри фотографии при фотографирање на предмети во движење.
Поседува и екран од 2.5 инчи, внатрешна
меморија од 26 MB која може да се прошири со мемориски картички xD-Picture и SD/SDHC, тежи
307 грама, а димензиите му се следни: 106,1x75,7x80,7 mm.
Едноставен е за користење и тоа го
прави идеален за семејства кои сакаат квалитетни фотографии без
многу комплицирање.
|