Get Adobe Flash player
HT2 втора генерација на мобилен од Hummer
14.04.2008
hummer-ht2-phone-1.jpgВљубениците во Hummer се повторно на свое по откривањето на втората генерација на мобилниот телефон на компанијата наречен HT2 чии дизајн е инспириран од маската и тркалата на теренецот.

Барем така велат во француската компанија ModeLabs која по втор пат е одговорна за создавање на мобилниот телефон на Hummer. За разлика од претходникот HT1 кој се отвараше со лизгање, новиот HT2 е изработен во едно парче и има метално куќиште за да соодејствува со масивноста на теренците на Hummer.

Мобилниот Hummer HT2 има 170х220 TFT екран кој поддржува 256.000 бои, камера од два мегапиксели, МР3/МР4 плеер, Java поддршка, вградена меморија од 11 МВ, слот за MicroSD картичка, quad-band GPRS и Bluеtooth со A2DP конекција.

Издржливоста од 500 часа на стендбај со полн резервоар се мери со таа на изворните теренци, а нуди и можност за дупла SIM картичка. Поддржува Dual GSM или GSM + CDMA, за разлика од претходникот кој поддржуваше само GSM.

Со сите овие елементи вградени во себе HT2 треба да одговори на повеќенаменските задачи исправени пред него исто како што тоа го прават теренците на Hummer.

Моделот HT2 прво ќе се појави на пазарот во Русија каде првиот HT1 се продаде во над 50.000 примероци. Цената на оваа модна алатка на Hummer ако воопшто така може да се нарече HT2 е сеуште непозната.

hummer-ht2-phone-2.jpg

 

 

 

Facebook