|
06.06.2007 |
Компанијата
Icron го претстави USB hub-от наречен WiRanger. Icron овој уред тврди дека е
прв на светот кој се базира на безжичната мрежа 802.11g.
WiRanger
ја користи компаниската патентирана технологија ExtremeUSB која овозможува
спојување на USB уреди на било кој начин – безжично, со кабел, преку струјна
мрежа или оптички кабел.
HUB-от има
четири порта, компатибилен е со USB 1.1 и USB 2.0, а за негова работа не се
потребни никакви дополнителни драјвери. Максималната брзина на пренос на
податоци е 54 MB/s, а дометот е околу триесетина метри.
WiRanger е
компатибилен со Windows, Linux и Mac OS и веќе се продава по цена од 395
долари.
|